dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Детската насмевка го разубави Државниот завод за ревизија

18.11.2021
Слика
Детската насмевка го разубави Државниот завод за ревизија

Државниот завод за ревизија во духот на подигнување на свеста за детските права, а по повод 20 ти ноември – Светскиот ден на детето, организираше едукативна прошетка и дружење во врховната ревизорска институција за децата на вработените.

Децата беа запознаени со дејноста и работата на ДЗР, условите во кои се врши ревизијата и институцијата во која работат нивните родители. Свое обраќање имаа Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и заменик Главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, кои преку своите лични примери им упатија пораки и ги поттикнаа дечињата како да бидат добри, умни и успешни, за да можат во иднина да претставуваат гордост на своите родители и на нашата земја.

Децата беа пресреќни, задоволни од дружењето, едукативните презентации и игри, воедно покажувајќи голем интерес за стекнување на знаења поврзани со ревизијата и ревизорската работа.

Генералното собрание на Обединетите Нации на 20 Ноември 1959 година  ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, која Република Македонија ја ратификуваше во 1993 година.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.

Линк до видео на Фејсбук страница:

Државен завод за ревизија/Enti Shtetëror i Revizionit/State Audit Office - Одбележување на Светскиот ден на детето во ДЗР | Facebook