Во организација на Центар за извонредност во финансии – ЦЕФ - Словенија, во периодот од 19 до 21 октомври 2021 година, во Охрид, се одржа Обука за меѓународни сметководствени стандарди во јавниот сектор (IPSAS), која е дел од обуките од проектот за сертификација на сметководителите во јавниот сектор што се спроведува во Република Северна Македонија.
Центар за извонредност во финансии - ЦЕФ и Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија (ДЗР) го зајакнуваат партнерството и го поддржуваат развојот на капацитетите на државните ревизори, а како резултат на овие активности Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, заедно со 16 државни ревизори од Државниот завод за ревизија учествуваа на обуката за меѓународни сметководствени стандарди во јавниот сектор IPSAS.
За време на обуката овластените државни ревизори и државните ревизори имаа можност да се запознаат со поодделни IPSAS стандарди за подготовка на Финансиски извештаи (IPSAS 1, 2 и 18), Постојани средства (IPSAS 16, 17 и 31), Залихи (IPSAS 12), и други ИПСАС стандарди (IPSAS 3, 19, 23), како и предизвиците и можностите од примената IPSAS од земјите во регионот Италија, Црна Гора, Албанија и Косово, како и да добијат повеќе информации за финансиско известување и сметководство од перспектива на државната ревизијата.
Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија (ДЗР), заедно со Центар за извонредност во финансии – ЦЕФ, ја продолжува својата соработка и во новиот проект кој се однесува за Подобрување на управувањето со јавните средства, а кој беше најавен за време на обуката.
Линк до објави
https://www.facebook.com/centerofexcellenceinfinance/posts/4672518219460166