dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Известување до учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година

22.10.2021
Слика
Известување до учесниците на Локалните избори 2021 година

Се известуваат учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година дека Државниот завод за ревизија, постапувајќи согласно член 177-а став 6 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16, 99/16, 136/16, 142/16, 67/17, 125/17, 35/18, 99/18, 140/18, 208/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19, 42/20 и 74/21 и 215/21) поднесе Предлог број 24-1146/1 од 20.10.2021 година до Државната изборна комисија за донесување на Одлука за запирање на исплатата на средствата кои се исплаќаат од Буџетот на Република Северна Македонија за надомест на трошоците за финансирање на изборната кампања за учесниците во изборната кампања за Локални избори 2021 година.

Предлогот се однесува на оние учесници во изборната кампања кои до Државниот завод за ревизија го немаат доставено во законски пропишаниот рок или не го доставиле со пропишана содржина Извештајот со образецот за примените донации на трансакциската сметка предвиден со член 84-б став 2 од Изборниот законик.

Предлогот содржи податоци и информации за непостапување согласно законските обврски за 84 од вкупно 122 учесници во изборната кампања, од кои 64 не го доставиле извештајот во законски пропишаниот рок, а 20 учесници не го доставиле со законски пропишана содржина.

Државниот завод за ревизија, со цел навремено и транспарентно информирање на сите учесници во изборната кампања, а во врска со обврските кои произлегуваат од одредбите на Изборниот законик и Ревидираниот роковник за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на градот Скопје 2021 година, донесен од Државната изборна комисија, информираше и укажа на законски пропишаните обврски предвидени за секој од учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021 година.

Имајќи предвид дека согласно член 76-д од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање врз основа на доставена фактура од страна на радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет портали) во рок од 30 дена од објавување на конечните резултати, Државниот завод за ревизија укажува на потребата сите учесници во Изборната кампања за локалните избори 2021 година кои до сега не ги поднеле извештаите а биле должни, истото да го сторат во најкус можен рок.

Извештаите можат да се достават до архивата на Државниот завод за ревизија на адреса: ул. „Павел Шатев“ бр. 2. Палата „Емануел Чучков“ Скопје, или по електронски пат на службената електронска адреса на ДЗР односно [email protected] испратен од емаил адресата на учесникот во изборната кампања која што е регистрирана во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

Контакт телефон: 02 321 1262,

Работно време: понеделник – петок од 08:30-16:30 часот