dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Годишниот извештај за 2020 година презентиран пред пратениците

29.09.2021
Слика
Заменик главниот државен ревизор го презентира ГИ 2020 година

На 22.09.2021 година, пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет, од страна на заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, беше презентиран Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на ДЗР за 2020 година.

Заменик главниот државен ревизор истакна дека покрај потешкотиите со кои се соочи институцијата во време на глобална пандемија, ДЗР успеа да ја реализира Годишната програма за работа за 2020 година, потенцирајќи го фактот и за зголемениот опфат на ревидираните расходи во однос на вкупните буџетски средства, како и за значително подобрените показатели во спроведувањето на ревизорските препораки.

Додадената вредност од резултатите од работењето на Државниот завод за ревизија во 2020 година се состои во давање придонес за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на користењето на јавните средства, утврдување на состојби на даночна инвазија, неплаќање на јавни давачки и надоместоци во Буџетот на РСМ, ревизија на доделувањето на договорите за ЈН со посебен акцент на доделувањето на договорите за ЈН во услови на пандемија и обезбедување на информации на граѓаните за начинот на користење на помошта за справување со последиците од пандемијата.

Исто така, заменик главниот државен ревизор г. Адеми истакна дека имајќи ја предвид одговорноста во обезбедување на континуирана гаранција за највисоко ниво на квалитет на ревизорските извештаи, секојдневно се прават заложби за развој на институцијата и подобрување на ревизорските процеси согласно меѓународните стандарди и најдобрите практики на земјите членки на Европската унија, како и во надградба на професионалните вештини на ревизорите.

На крајот, заменик главниот државен ревизор ја нагласи потребата од зајакнување на соработката помеѓу Собраните и ДЗР особено за разгледување и постапување по доставените ревизорски извештаи и за таа цел го изрази своето очекување во најскоро време да биде потпишан Меморандумот за соработка помеѓу двете институции.