dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со вицепремиерот за борба против корупција и криминал

22.09.2021
Слика
Работна средба со вицепремиерот за борба против корупција

Во просториите на Државниот завод за ревизија, главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, одржаa работна средба со вицепремиерот за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. 

На состанокот беше потенцирана важноста и улогата на Државниот завод за ревизија како врховна ревизорска институција во борбата против корупцијата и криминалот. Главниот државен ревизор и вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот разговараа и за реализацијата на мерките од Планот за борба против корупција, како и за потребата од активирање на Ревизорскиот комитет во Владата на РСМ.

Во тој контекст, главниот државен ревизор истакна дека не секогаш треба да се ревидираат само расходите направени од буџетот на државата, од причина што и приходите се подеднакво важни. Токму со таков пристап, Државниот завод за ревизија со својата работа допринесе за влевање на 10 милиони евра во буџетот на државата во минатата година. На тој начин нашата работа има додадена вредност и за буџетот на државата и за граѓаните

Вицепремиерот Николовски пак посочи дека наодите од ревизорските извештаи во кои се нотира незаконско работење на институциите се добар патоказ за надлежните институции за понатамошно постапување и дека секој ревизорски извештај детално се разгледува и на владините седници.