dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Регионалната директорка на UN Women во посета на ДЗР

16.09.2021
Слика
Регионалната директорка на UN Women во посета на ДЗР

На 16.09.2021 година во просториите на Државниот завод за ревизија, во посета на Главниот државен ревизор беше Алиа Ел-Јасир, регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија и Ивона Паунович Бишевац, национална координаторка на програмата за родово одговорно буџетирање на UN Women во Република Северна Македонија. 


На средбата се разговараше за воспоставената соработка помеѓу ДЗР и UN Women во рамките на проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида.

 

Целта на соработката е да се зајакнат капацитетите на државните ревизори за вклучување на родовата перспектива во ревизиите, како и да се истакне важната улога која ДЗР ја има во поглед на подобрување на отчетноста на државните институции при планирањето и управувањето со јавните финансии со цел да се унапреди родовата еднаквост.

 

Од страна на Главниот државен ревизор беше презентирана работата на ДЗР на оваа тема, како и прогресот со ревизијата на успешност која е во тек, а се однесува на Ефективност на мерките на Владата на Република Северна Македонија за родова еднаквост и соодветни родови буџетски иницијативи. Алиа Ел-Јасир истакна дека ДЗР е посветена партнерска институција и дека заложбите за подобрување на владеењето на правото во областа на родовата еднаквост и транспарентното и отчетно управување со јавните финансии е заедничка цел и ќе помогне кон целокупниот економски и социјален развој на земјата.

 

На средбата се разговараше и за идните активности кои ќе бидат во насока на исполнување на Меморандумот за Соработка кој неодамна беше потпишан и претставува рамка за соработка која ќе даде насока и отвори простор за активности што ќе придонесат ДЗР да ги зајакне своите капацитети во областите на родова еднаквост, родово одговорно буџетирање и родовата ревизија.