dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Студиска посета во Националниот завод за ревизија

06.09.2021

Во рамки на проектните активности од твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“, делегација од Државниот завод за ревизија предводена од главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, престојуваше на студиска посета во Националниот завод за ревизија - Софија, Република Бугарија.

Претседателот на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, г. Цветан Цветков,  на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и на вработените од Државниот завод за ревизија им посака добредојде и успешна работа во размената на искуства со колегите од Националниот завод за ревизија на Република Бугарија.

Студиската посета се реализираше во рамки на компонента 4 – Подобрување на надворешната и внатрешната комуникација и ИТ и ИТ ревизорските капацитети, во која ќе бидат споделени практики во делот на организирањето на системот за управување со ИТ безбедноста, спроведувањето на внатрешната и надворешната комуникација со надворешните засегнати страни, евидентирањето на внатрешните акти, како и вршењето на контрола врз спроведувањето на доделените задачи во институцијата.

Во рамките на студиската посета, претставниците на ДЗР се запознаа со практиките и процедурите во делот на организација на доставата на електронската и хартиената документација во рамките на Националниот завод за ревизија на Република Бугарија, како и кон останатите институции.

За време на студиската посета, главниот државен ревизор оствари средба и со Претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, г-ѓа Ива Митева со која разговараше за актуелни теми и ја запозна со проектните активности кои се реализираат од страна на двете врховни ревизорски институции.

Линкови од медиумски објави:

1. Средба на претседателката на бугарскиот Парламент со македонскиот главен државен ревизор - Канал 5 (kanal5.com.mk)

2. Средба на претседателката на бугарскиот Парламент Митева со македонскиот главен државен ревизор Ацевски (a1on.mk)

3. Новини - Народно събрание на Република България (parliament.bg)

4. Ива Митева запозна главния държавен одитор на Северна Македония с българския модел на парламентарен контрол - 24chasa.bg

5. Председателят на Народното събрание Ива Митева разговаря с главния държавен одитор на Република Северна Македония Максим Ацевски (focus-news.net)

6. Ива Митева свиква председателски съвет утре сутрин за прегласуване на промените в Закона за НСО - От деня (bnr.bg)

7. Властта :: Заради закона за НСО: Митева свика председателски съвет преди заседанието в петък :: Monitor.bg