dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Презентиран Меморандум за разбирање помеѓу ДЗР и Собрание

07.07.2021
Слика
Работна средба во Собранието на РСМ

Во рамките на активностите кои произлегуваат од Твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и Парламентарниот надзор“ на ден 07.07.2021 година, претставници на Врховните ревизорски институции на Република Северна Македонија и Република Хрватска, предводени од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и заменик главниот државен ревизор д-р Недељка Рогошиќ, одржаа средба со Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери.

На средбата беше презентиран Меморандумот за разбирање помеѓу Собранието и ДЗР, во кој е нагласена потребата од зајакнување на соработката помеѓу двете институции, особено во делот на разгледување и постапување по доставените ревизорските извештаи, а во функцијата за надзор врз управувањето и начинот на користењето на јавните средства.

Клучните цели на овој меморандум се унапредување на соработката, како и разгледување и носење на заклучоци по доставените ревизорски извештаи на комисиските расправи и седниците на Собранието,  со што ќе се унапреди и зајакне заложбата на двете институции во остварувањето на нивната функција за надзор и чувар на јавните средства.