dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Учество на конференција за независноста на ВРИ

28.05.2021
Слика
ЗГДР м-р Орхан Адеми со презентација на конференцијата

Заменик главниот државен ревизор, м-р Орхан Адеми, на ден 27.05.2021 година, учествуваше на онлајн меѓународна конференција, на тема „Независност на врховните ревизорски институции“.

Настанот беше организиран од Врховниот завод за ревизија на Полска, а како учесници со свои презентации се претставија лидерите на Врховните ревизорски институции од Турција, Норвешка, Бугарија, Унгарија, Малта, Молдавија, Романија, Украина, Чешка, Данска, Словачка, Хрватска и Косово, како и директорот на Иницијативата за развој на ИНТОСАИ (ИДИ) кои ги споделија своите искуства.

Во својата презентација, заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми истакна дека Државниот завод за ревизија во своето работење во континуитет ја промовира својата независност како Врховна ревизорска институција, што е во согласност и со Декларациите од Лима и Мексико, како и со стандардите на Меѓународната организација на врховните ревизорски институции (INTOSAI).

Државниот завод за ревизија во тој контекст, независно ја дефинира својата Годишна програма за работа, самостојно одлучува за темите и субјектите кои ќе бидат предмет на ревизија и ги изготвува конечните ревизорски извештаи без пристрасност или надворешни влијанија. За резултатите од својата работа, ДЗР транспарентно, навремено и објективно ја информира јавноста за утврдените состојби од спроведените ревизии.

На конференцијата, учесниците ги споделија своите национални практики насочени кон обезбедување што поголема независност на своите институции, притоа идентификувајќи ги примерите и добрите практики при спроведувањето на заеднички активности и меѓусебна поддршка на врховните ревизорски институции во нивните напори да обезбедат и да ја зајакнат својата независност. 
Притоа учесниците потенцираа дека Механизмот за брзо застапување за независноста на ВРИ (СИРАМ) има за цел да и помогне на ИНТОСАИ во доставување на навремен и ефективен одговор за политичките случувања и за законските промени/ реформи, кои можат  негативно да влијаат на независноста на ВРИ.