dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба меѓу ДЗР и UN Women

19.05.2021
Слика
Работна средба на ГДР

На 26.04.2021 година, беше одржана работна средба помеѓу Државниот завод за ревизија претставуван од Главниот државен ревизор со претставниците на Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените - UN Women во Република Северна Македонија, Ивона Паунович Бишевац, национална координаторка за програмата за родово одговорно буџетирање и Иван Вчков, проектен координатор за родово одговорно буџетирање.

Од страна на претставниците на UN Women беше презентирана нивната работа во Република Северна Македонија и заложба со цел да им се помогне на централните и локалните власти за интеграција на родовата еднаквост и родово одговорното буџетирање во националното планирање и креирање политики, во рамките на проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида

Главниот државен ревизор презентираше дел од досега преземените активности во оваа област, притоа потенцирајќи дека со Годишниот програма за работа на ДЗР за 2021 година ќе биде спроведена ревизија на успешност која ќе ги опфати спроведените мерки на Владата на РСМ за родова еднаквост и соодветни родови буџетски иницијативи. Со оваа ревизија е планирано да се анализира ефикасноста во спроведување на меѓународните обврски кои ги има преземено нашата држава, во однос на имплементација на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (CEDAW), Договорите на ОН за човековите права, Целите за одржлив развој (SDGs) и Пекиншката платформа за акција (BPfA). Во ГП за работата на ДЗР за 2021 година се планирани повеќе ревизии на успешност кои се во врска со Целите за одржлив развој.

На состанокот се договорија идните активности помеѓу двете институции кои ќе бидат точно дефинирани во Меморандум за заедничка соработка кој ќе биде потпишан од двете страни во текот на месец мај. Од страна на UN Women ќе се организираат низа на обуки за вработените во ДЗР, каде учесниците ќе стекнат со знаење за концептите на родовата еднаквост и родово одговорно буџетирање, како и со алатки и методологија за вршење на родови ревизии.