dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Состанок на ДЗР со ММФ

18.05.2021
Слика
On line средба ДЗР и ММФ

На барање на мисијата на Меѓународен монетарен фонд (ММФ) во нашата држава, на ден 12.05.2021 година, беше одржан online работен состанок. На состанокот учествуваа претставници од ДЗР предводени од Главниот државен ревизор, додека пак претставници на мисијата на ММФ беа г. Антон Мангов, економист од седиштето на ММФ во Вашингтон и г. Драган Тевдовски, советник на извршен директор во ММФ.

Целта на работниот состанок беше претставниците на мисијата на ММФ да бидат информирани за активностите кои ги реализира ДЗР, како и спроведените ревизии за користењето на јавните средства поврзани со набавките на медицинските средства и опрема за заштита на граѓаните од корона вирусот. Дополнително, претставниците од ММФ се запознаа со видот и опфатот на планираните ревизии поврзани со пандемијата, како и со применетата методологија за вршење на државната ревизија.

Главниот државен ревизор укажа дека Државниот завод за ревизија во Годишната програма за работа на ДЗР за 2020 година предвиде 2 (две) ревизии поврзани со здравствената криза и актуелната пандемија за начинот на спроведувањето на јавните набавки од институциите од јавниот сектор, како и за доделувањето на финансиска помош во облик на донирање на медицинска опрема и медицински средства за јавните здравствени установи во справувањето со последиците од пандемијата.

Надоврзувајќи се на досега реализираните активности, ГДР укажа дека и со ГП за работа на ДЗР за 2021 година,  се планирани 4 (четири) ревизии на успешност кои ќе ги опфатат економските владини мерки, задолжувањата на државата и управувањето со јавниот долг, поддршката за вработување во професиите коишто беа најпогодени од последиците од пандемијата, како и за преземените мерки и политики за поддршка на секторот туризам.