dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Подобрување на надворешната ревизија и на парламентарниот надзор

28.04.2021
Слика
Твининг проект

Државниот завод за ревизија на 1 февруари 2021 година  го започна твининг проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарен надзор“.   Проектот ќе се реализира заедно со твининг партнерите од земјите членки на Европската унија, и тоа со Државен завод за ревизија од Хрватска и Национална канцеларија за ревизија од Бугарија.

Основна цел на заедничкиот проект е подобрување на ефикасноста и влијанието на надворешната ревизија во Република Северна Македонија. Како специфични цели се дефинирани подобрување на надворешната ревизија преку понатамошно усогласување на правната рамка и развој на методолошките алатки, како и зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија за ефикасно извршување на надворешната ревизија во земјата.

На 11 февруари 2021 година се одржа и првиот онлајн технички состанок, додека пак првиот состанок на Управниот Одбор се одржа на 1 април 2021 година. Подготвен е работниот план кој ги содржи сите приоритетни проектни активности што треба да се спроведат до јули оваа година. Кон крајот на април првите краткорочни експерти од Хрватска, Бугарија и Естонија ќе ги спроведат своите мисии преку онлајн состаноци со експертите од ДЗР.