dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Мониторинг мисија на Советот на ЕУ за ЕЛС

28.04.2021
Слика
On line работилница организирана од Советот на ЕУ

На покана на  мониторинг делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа (КЛВРЕ), предводена од г-ѓа Свитлана Превертен, ко-секретар на Комитетот за мониторинг,  на ден 20.04.2021 година беше одржан онлајн состанок со претставници на Државниот завод за ревизија.

Делегацијата на Државниот завод за ревизија беше предводена од страна на Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, м-р Лилјана Стојанова, Советник на ГДР и Марина Блажевска ПГДР кои се надлежни за ревизија на единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва основани од единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија и трговските друштва основани од централната власт.

Покрај ко-секретарот г-ѓа Превертен, како дел од мониторинг делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа учествуваа и д-р Брид Квин, член на групата независни експерти за Европската повелба за локална самоуправа, г. Харалд Бергман и г. Зденек Броз, известувачи во мониторингот на локалната демократија во државата при КЛРВЕ.

Предмет на интерес на мониторинг мисијата беа преземените мерки за спроведувањето на препораките од 329-тиот Конгрес одржан во 2012 година во делот на локална демократија во нашата земја, како и преземените мерки за имплементација на препораките од извршените ревизии од страна на  Државниот завод за ревизја.

Во текот на состанокот Главниот државен ревизор се осврна на промените во правната регулатива и нивното влијание врз финансирањето на ЕЛС, институционалната координацијата при носењето на промени во законската регулатива која директно влијае на работењето на ЕЛС. Меѓу другото на состанокот се дискутираше и за финансиската состојба во која се наоѓаат општините, влијанието на кризата со COVID-19 врз работењето на ЕЛС, како и постапката за финансиски надзор на ЕЛС.  

Претставниците на мониторинг мисијата искажаа големо задоволство за соработката со Државниот завод за ревизија и за дадените информации кои се неопходни за утврдување на фактичката состојба.