dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Делегација на ДЗР на XI Конгрес на ЕУРОСАИ

28.04.2021
Слика
Конгрес на ЕУРОСАИ организиран on line

Делегација на Државниот завод за ревизија предводена од главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски учествуваше на XI Конгрес на Европската организација на врховни ревизорски институции (ЕУРОСАИ), одржан на 14 април 2021 година. Покрај главниот државен ревизор, во делегацијата на ДЗР беа и м-р Орхан Адеми, Заменик главен државен ревизор, Тања Јаневска, Помошник на главниот државен ревизор и Елена Догазанска, самостоен ревизор. Поради околностите со глобалната пандемија со COVID-19, Конгресот за прв пат беше одржан онлајн преку интернет платформа.

Целите на XI конгрес на ЕУРОСАИ се:

  • Да се проценат резултатите од работата на ЕУРОСАИ за периодот 2017 - 2020 година, и
  • Да се дискутираат неопходните административни прашања за да се обезбеди континуитет во работата на ЕУРОСАИ.

Домаќин на Конгресот беше ВРИ на Чешката Република, која е и актуелен претседавач на ЕУРОСАИ. На Конгресот учествуваа претставници од ВРИ членки на ЕУРОСАИ, како и на меѓународни организации и ВРИ во својство на набљудувач.

Темите за разгледување и одобрување на пленарната седница на Конгресот беа фокусирани на:

  • Извештаите за работењето на ЕУРОСАИ за периодот 2017 – 2021 година;
  • Извештаите за имплементација на Стратешкиот план на ЕУРОСАИ 2017 – 2024 година;
  • Финансирањето на ЕУРОСАИ, преку усвојување на финансискиот извештаи и ревизорскиот извештај за 2020 година, како и буџетот на организацијата за период  2022 – 2024 година, и
  • Извештаите за соработката со Меѓународната организација на ВРИ – ИНТОСАИ и нејзините работни тела.

Делегацијата на Државниот завод за ревизија предводена од највисокото раководство, преку гласање активно учествуваше во донесување на одлуките на Конгресот кои се однесуваат на:

  • Избор на домаќин на следниот XII Конгрес на ЕУРОСАИ – избрана е ВРИ на Израел;
  • Избор на нови членови на Управниот одбор на ЕУРОСАИ – избрани се ВРИ на Обединетото кралство и Литванија;
  • Избор на ревизори на ЕУРОСАИ – продолжен е мандатот на ВРИ на Бугарија и Хрватска кои беа ревизори во изминатиот период, и
  • Усвојување на измени и дополнувања на Статутот на ЕУРСАИ и Правилата и процедурите на Конгресот и одобрување на Листата на набљудувачи на Конгресот.

Државниот завод за ревизија ќе продолжи активно да придонесува во работата на ЕУРОСАИ преку учество во активностите на нејзините работни тела и иницијативи. Во моментов ЕУРОСАИ има 50 членки, а Државниот завод за ревизија е нејзина членка од 2002 година.