dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Вработените од Државниот завод за ревизија со хуманост на дело

09.02.2021
Слика
Здравствени работници

Вработените од Државниот завод за ревизија имајќи го предвид големиот предизвик пред кој секојдневно се соочени здравствените работници во справувањето со пандемијата Ковид 19, решија преку хумана акција да ја изразат својата поддршка за здравствените работници, потенцирајќи ја потребата од солидарност.

На иницијатива покрената од вработените во Државниот завод за ревизија, беа собрани парични средства во вкупна вредност од 83.096,00 денари, и во договор со ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, за истите средства се набавени и обезбедени дуксери за здравствените работници.

Државниот завод за ревизија и ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, за таа цел, склучија договор за донација, преку кој се уредува начинот на давањето и примањето на донацијата како доброволна и безусловна помош во добра, стоки, ствари или предмети, како поддршка за дејноста и активностите на примателот на донацијата.

Целокупниот колектив од ДЗР изразува голема поддршка и благодарност до сите здравствени работници во државата, кои во изминатите месеци неуморно се борат и залагаат за секој човечки живот, во првата линија на фронтот во справувањето со последиците од пандемијата Ковид – 19.