dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Распишан оглас за двајца асистенти на Твининг проектот

09.02.2021
Слика
Делегација на ЕУ во Македонија

Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија е институција корисник во заедничкиот проект насловен како „Подобрување  на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“ (MK 18 IPA FI03 20). Проектот ќе се реализира заеднички со Државниот завод за ревизија на Хрватска и со Националната канцеларија за ревизија на Бугарија, како твининг партнери од земјите членки на Европската унија.

Основна цел на заедничкиот проект е подобрување на ефикасноста и влијанието на надворешната ревизија во Република Северна Македонија. Како специфични цели се дефинирани подобрување на надворешната ревизија преку понатамошно усогласување на правната рамка и развој на методолошките алатки, како и зајакнување на капацитетите на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија за ефикасно извршување на надворешната ревизија во земјата.

Покрај ова, проектот има за цел да го подобри парламентарниот надзор над јавните средства и да ја подобри соработката меѓу ДЗР и Собранието на Република Северна Македонија.

Во насока на спроведување на проектот кој ќе трае 21 месец (февруари 2021 година – 31 октомври 2022 година)  Делегацијата на Европската унија во РСМ распиша оглас за две слободни работни места – Асистент на постојниот твининг проектот „Подобрување  на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“.

Деталите за огласот кој ќе трае до 15.02.2021 година ги имате на линкот подолу.

https://eeas.europa.eu/delegations/republic-north-macedonia/92814/twinning-project-recruits-two-assistants_en