dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Прес-конференција, моќна комуникациска алатка за информирање на јавноста

01.02.2021
Слика
Цвета пресс

Прес – конференцијата претставува една од најмоќните комуникациски алатки за информирање на јавноста и промовирање на работата на одредена институција или организација, која се организира за суштинска тема или тема од голем јавен интерес.

Информирањето на јавноста за работењето и активностите на Државниот завод за ревизија, со цел обезбедување на висок степен на транспарентност, отчетност и видливост е еден од главните приоритети на ДЗР во текот на 2021 година. ДЗР настојува да ги зајакне и продолжи активностите за одржување на навремена комуникација и информирање на заинтересираните страни (општа јавност, медиуми, граѓански организации и институции) за начинот на користење на јавните средства.

„Начинот на организација на живата комуникација со медиумите преку организирање на прес – конференција“, беше темата на одржаната работилница на  28.01.2021 година, како продолжување на проектните активности кои Државниот завод за ревизија ги реализира во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата (ВФД) и Институтот за истражување на општествениот развој (РЕСИС).

На работилницата, преку вежба симулација беше организирана и одржана прес – конференција за медиуми, на која беа соопштени клучните утврдени состојби и ревизорски наоди од конечниот ревизорски извештај за спроведената ревизија на усогласеност на Основниот буџет на РСМ за 2019 година, презентирани од Помошник главен државен ревизор г-ѓа Цвета Ристовска.

Ревизорите од ДЗР имаа можност да се запознаат и информираат за методолошкиот начин на организирање на настан од ваков тип, преку успешно реализирање на трите составни фази (подготвителна фаза, фаза на спроведување и follow up фаза), при што дел од ревизорите беа успешни во улогата на новинари, поставувајќи конкретни прашања кои се однесуваа на содржината од ревизорскиот извештај.