dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Стратегиското моделирање на односите со јавноста предизвик за ДЗР

18.09.2020
Слика
Дигитална трансформација

Препознавајќи ја потребата за унапредување на вештините за двонасочна комуникација со јавноста и дигитализацијата како позитивна придобивка во тековната работа и ревизорски активности, Државниот завод за ревизија на ден 11.09.2020 година, организираше обука за вработените во ДЗР.

„Стратегиско моделирање на односите со јавноста и дигитализација во јавниот сектор“ е насловот на обуката која беше реализирана од страна на предавачите г-ѓа Јасна Бачовска – редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и г. Бојан Кордалов, експерт за односи со јавност и нови медиуми.

Во делот на стратегиското моделирање на односите со јавноста, ревизорите од ДЗР имаа можност да се информираат за системот на односи со јавност во јавниот сектор, како и за потребата од поголема видливост, отвореност и транспарентност на институции како ДЗР. Воедно, беа презентирани и техники за воспоставување на ефикасен модел за внатрешна и надворешна комуникација.

Дигитализацијата во јавниот сектор како предизвик и стремеж кон кој целат сите јавни институции вклучувајќи го и ДЗР, претставуваше одлична тема и можност за ревизорите да дискутираат за појавата на новите медиуми како модерна алатка за меѓусебна комуникација и за комуникација со јавноста.

Државниот завод за ревизија го следи трендот на користење на новите технологии, при што во своето секојдневно работење ги употребува новите форми на комуникација за пристап до податоци и информации преку користење на онлајн платформи и комуникациски алатки кои ги има на располагање.