dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Известување

13.07.2020
Слика
Изевстување лого ДЗР

Државниот завод за ревизија известува дека согласно Ревидираниот роковник заверен под број 04-467/2 од 16.06.2020 година за продолжување на изборните дејствија за спроведување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, и Одлуката заверена под број 04-467/3 од 28.06.2020 година за измена на ревидираниот роковник донесена од Државната изборна комисија, Учесниците во изборната кампања можат да поднесат  Извештај со образец за примени донации на трансакциската сметка за финансирање на изборната кампања  од единаесеттиот ден од изборната кампања до завршувањето на изборната кампања во првиот круг на гласање за период од 04.07.2020 до 12.07.2020 година,  согласно одредбите од Изборниот Законик, на  13 јули 2020 година во седиштето на Државниот завод за ревизија, на улица „Павел Шатев број 2, Скопје, административна палата „Емануел Чучков“ согласно утврдената временска рамка.