dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР донираше парични средства за справување со Ковид 19 кризата

05.05.2020
Слика
Извод од донацијата на ДЗР

Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со Ковид 19 вирусот и неопходноста за заедничка солидарност и помош, главниот државен ревизор донесе решение за исплата на парични средства по основ на донација на Министерство за здравство за набавка на стока, добра и услуги кои се потребни заради заштита на населението на Република Северна Македонија во вредност од 100.000,00 денари.

Во таа насока, со своја лична финансиска поддршка се вклучи и главниот државен ревизор г-дин Максим Ацевски, кој донираше дел од платата за месец април во износ од 14. 500,00 денари.

Паричните средства се уплатени на посебната наменска сметка на Министерството за здравство, како поддршка за активностите кои се спроведуваат за справување со заканата по јавното здравје на граѓаните на нашата држава произлезена од Ковид 19 вирусот.

Министерството за здравство веќе објави листа на донатори којашто ги вклучува донаторите кои директно контактирале со Министерството за здравство и имаат потпишано договор за донација, односно веќе имаат донирано добра или парични средства.

Борбата со корона вирусот е наша заедничка обврска и предизвик против кој треба да се спротивставиме со сите сили и капацитети. Токму од таа причина, Државниот завод за ревизија, како докажана општествено одговорна институција, од самиот почеток на актуелната криза ги презема сите неопходни мерки и активности, пред сè, за заштита на здравјето на своите вработени. Во исто време, ДЗР дава поддршка на надлежните органи во борбата против пандемијата.