dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР со поддршка на ИРЛ во детектирањето на случаи на корупција

11.03.2020
Слика
Мото на акцијата

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски, даде поддршка на идејата и активностите на новиот проект кој се реализира од Истражувачката Репортерска Лабораторија на Македонија (ИРЛ) под мотото „Мобилни Редакции“. Целта на проектот е да се детектираат и лоцираат можни случаи на корупција во Република Северна Македонија.  

На првата активност која беше реализирана во просториите на Црвениот крст во Крива Паланка, главниот државен ревизор и тимот на ИРЛ остварија средба со граѓани од овој регион. Притоа, тие беа запознаени со мандатот и надлежноста на Државниот завод за ревизија, како и со методологијата на постапување и вршење на ревизија кај сите субјекти предмет на ревизија.

Во таа насока, главниот државен ревизор упати порака до присутните граѓани дека тие како даночни обврзници ги поседуваат јавните средства. Од таа причина тие мораат да бидат заинтересирани како се трошат нивните пари, а во институција како Државниот завод за ревизија секогаш ќе имаат партнер којшто ќе ги охрабри да се борат.

Покрај Државниот завод за ревизија, партнер во споменатиот проект е и Државната комисија за спречување на корупција.