ДЗР и Геолошкиот завод потпишаа Меморандум за соработка

Почнувајќи од 03.04.2020 година, остварувањето на службена комуникација со кабинетот на главниот државен ревизор, заменикот на главниот државен ревизор и за сите други службени потреби како и за потреба од испорака / достава на службена документација до Државниот завод за ревизија за одговорно лице за координација и остварување на контакт се определуваат:

  • м-р Александар Поповски, раководител на сектор за правни и општи работи, јавни набавки и односи со јавност, телефон за контакт +38975210147
  • м-р Сашо Јаковчевски, Помошник на Главниот државен ревизор (по овластување), телефон за контакт +38970306909
Пет, 21.02.2020 - 12:00
Image
Потпишан меморандум за соработка

Државниот завод за ревизија и Геолошкиот завод на Република Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка, се со цел зајакнување на соработката во вршењето на надлежностите од својот делокруг.

Потпишаниот Меморандум има за цел да овозможи взаемна размена на податоци, искуства и експертиза помеѓу двете институции за остварување на ефективност и ефикасност на мерките и активностите за спроведување на геолошките истражувања и одржливото искористување на минералните суровини.

Во Меморандумот меѓу другото, се предвидува заедничка размена и изработка на анализи, истражувања и други акти потребни за процесот на ревизија. Покрај тоа, соработката предвидува и организирање на заеднички средби и настани на претставници од двете институции за подобро информирање за прашања кои се од значење за ревизијата, како и за појаснување на содржините на ревизорските извештаи.