Улогата на ДЗР во процесот на финансирање на политичките партии

Одлука за начинот на уплата на средства на сметката за донација на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од вирусот Корона COVID – 19

повеќе
Вто, 11.02.2020 - 12:22
Image
Средба на делегациите на ДЗР и Советот на Европа

На иницијатива на Советот на Европа , г-ѓа Барбара Стоунстрит и г-дин Алвис Вилкс, имаа работна средба со главниот државен ревизор и неговите соработници.  Се работи за експерти кои спроведуваат проценка околу капацитетите со кои располага Државната комисија за спречување на корупција  за следење и известување на финансирањето на политичките партии.

На средбата експертите на Советот на Европа беа информирани за улогата на ДЗР како врховна ревизорска институција и беа подетално запознаени со констатираните состојби во ревизорските извештаи од спроведените ревизии за финансирањето на политичките партии. Во исто време беше потенцирана потребата од постапување на надлежните органи во делот на констатираните системски слабости во Законот за финансирање на политичките партии и Изборниот законик.

Во таа насока, главниот државен ревизор Максим Ацевски и соработниците, одговорија на прашања за улогата на ДЗР во процесот на финансирање на политичките партии за време на изборните кампањи. Од страна на раководството на ДЗР беше објаснето како се врши продлабочен увид во однос на финансирањето на партиите и за проверката на изворите на финансирање на политичките партии. Покрај тоа, беше објаснет и методолошкиот пристап во спроведувањето мониторинг и воспоставениот систем на евиденција.

Проценката која ја спроведуваат експертите се имплементира во рамки на проектот „Борба против економски криминал“. Овој проект е дел од втората фаза на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската унија и Советот на Европа, а имплементиран од страна на Советот на Европа.