dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Инициран нов твининг проект меѓу ДЗР и Европската унија

20.01.2020
Слика
Состанок на ДЗР и ЕУ

Државниот завод за ревизија беше домаќин на состанокот на коj присуствуваа претставниците на Европската унија во Скопје,  г. Врек Јанмат - шеф на одделот за економија  и г-ѓа Паулина Станоева програмски менаџер, кои остварија средба со Главниот државен ревизор,  г. Максим Ацевски, советникот на ГДР, г. Милан Ракиќ, помошниците на ГДР, г-ѓа Тања Јаневска и г. Сашо Јаковчевски, и самостојниот ревизор г-ѓа Калиопи Петкоска.

Претставниците на Европската унија му го честитаа изборот и именувањето на Главниот државен ревизор. Од нивна страна беше изразена желба и подготвеност за остварување на натамошна соработка помеѓу Државниот завод за ревизија и Европската унија преку продолжување на заедничките проектни активности.

Кон крајот на 2019 година, Државниот завод за ревизија и Европската унија ги реализираа активностите во рамки на Твининг проектот „Понатамошно зајакнување на капацитетите и ефикасноста на Државниот завод за ревизија за вршење на надворешна ревизија“ од кој произлегоа и низа препораки.

Токму овие препораки ја иницираа потребата од воспоставување на нов Твининг проект финансиран од страна на ИПА 2018 фондовите на Европската унија, којшто би претставувал продолжение на претходно спроведениот Твининг проект, а би започнал со конкретни активности во текот на втората половина на 2020 година.

Споменатиот Твининг проект беше реализиран во соработка со нашите твининг партнери од земји членки на ЕУ и тоа: Националниот завод за ревизија на Република Бугарија и Државниот завод за ревизија на Република Хрватска, како и со вклучување на експерти од вкупно 8 европски земји и институции и тоа: Бугарија, Хрватска, Финска, Германија, Естонија, Литванија, Португалија и Европскиот суд на ревизори.