dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Решенија за четири нови помлади ревизори

03.01.2020
Слика
Решенија за четири нови помлади ревизори

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски им ги врачи новите решенија на четири вработени во Државниот завод за ревизија кои од 01.01.2020 година се стекнаа со статусот помлад ревизор. Во новата година Албана Алију, Исмаил Металари, Метин Буши и Самире Бислими ќе го засилат актуелниот ревизорски кадар на Државниот завод за ревизија и ќе почнат со ревизорска работа на терен.

Заложбата на Главниот државен ревизор е пополнување на предвидениот број на ревизори на работните места предвидени согласно Правилникот и систематизацијата на ДЗР,  а со цел подобрување на ефикасноста, економичноста и ефективноста во работењето на ДЗР, во контекст на подобра реализација на Годишната програма за работа на ДЗР во 2020 година кога е планирано и вршењето ревизија на изборната кампања на предвремените парламентарни избори.