dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Одржан првиот колегиум на ДЗР во засилен состав

26.12.2019
Слика
Одржан првиот колегиум на ДЗР во засилен состав

Утврден предлог за Годишна програма за 2020 година

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски го одржа првиот колегиум на ДЗР во засилен кадровски состав и со неколку точки на дневниот ред меѓу кои беше и предлог годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија во 2020 година, предложена врз основа на изградени критериуми утврдени во интерните акти на ДЗР. Во таа насока членовите на колегиумот ги разгледаа и дискутираа за пристигнатите барања за вршење ревизија и донесоа конкретна одлука која ќе биде имплементирана при донесувањето на годишната програма од страна на Главниот државен ревизор (до 31.12.2019 година). 

На колегиумот се дискутираше и за степенот на имплементација и реализација на актуелната годишна програма за работа во 2019 година, како и за измените и дополнувањата по истата. Од страна на членовите на комисијата за осигурување на квалитетот на ревизиите беше презентирана информација за реализација на годишниот план за 2019 година, а беше предложен и нов план за 2020 година. 

Советникот на ГДР за ревизорски методологии и практика го информираше колегиумот за реализацијата на „Годишниот план за континуирано професионално усовршување и обуки во 2019 година“, при што го предложи и нацрт-планот за наредната година. 

 Останатите дискусии на колегиумот беа околу предлог-буџетот на ДЗР/Финансиски план на ДЗР за 2020 година, преглед на субјектите кај кои е потребно спроведување на проверка на преземените мерки по дадените препораки од страна на Овластениот државен ревизор, како и разгледување на финалните извештаи од завршените проекти на ДЗР и преземање на активности по дадените препораки во нив. 

Колегиумот донесе одлука за давање на движни ствари на Единицата на локална самоуправа Македонски брод, активност која ќе се спроведе до крајот на 2019 година.