dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

sorabotka

Соработка со ревизорското тело за ревизија на ИПА

Соработка со ревизорското тело за ревизија на ИПА

Во текот на октомври 2011 година, Државниот завод за ревизија склучи Меморандум за соработка со Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Меморандумот ја дефинира соработката помеѓу двете институции од аспект на размена на податоци, стручна помош, реализација на заеднички обуки и друго.

Соработка со институции надлежни за поведување постапки по ревизорските извештаи

Соработка со институции надлежни за поведување постапки по ревизорските извештаи

Согласно членот 35 од Законот за државната ревизија, доколку овластениот државен ревизор при ревизија оцени дека субјектот на ревизија сторил прекршок или кривично дело должен е веднаш да ги извести надлежните органи.

Органи надлежни за поведување постапки по ревизорските извештаи се: Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи.

Соработка со Министерство за финансии

Соработка со Министерство за финансии

Државниот завод за ревизија е должен до Министерството за финансии да го достави секој ревизорски извештај во кој се констатирани наоди од областа на финансиите. 

Соработка со Владата на Република Северна Македонија

Соработка со Владата на Република Северна Македонија

Согласно Законот за државна ревизија, главниот државен ревизор до Владата на РМ ги доставува ревизорските извештаи на субјектите каj кои Владата е надлежен орган за надзор. Во Владата на Република Македонија е формирано и посебно тело надлежно за разгледување на овие извештаи и предлагање мерки и активности за успешна имплементација на препораките дадени од страна на ревизорите во ревизорските извештаи.

Соработка со Собранието на Република Македонија

Основни корисници на резултатите од работата на ДЗР се Собранието на РМ, Владата на РМ и другите надлежни институции од јавниот сектор. Во комуникацијата со корисниците на резултатите од неговата работа, ДЗР има за задача да обезбеди навремени информации.