dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Наод

Наод 11-13/1 (4.1.2.)

02.10.2019

Во Законот за јавна внатрешна финансиска контрола е определен начинот на дизајнирање, воспоставување и функционирање на интерните контроли. Со извршениот увид во презентираната сметководствена и друга документација, донесените интерни акти поврзани со процесот на безготовинското и готовинското плаќање,утврдeни се следните состојби кај: Процес на безготовинско плаќање:

 

Наод 11-13/1 (4.1.1.)

01.09.2019

Во Агенцијата изработени се 29 процедури кои го уредуваат начинот на спроведување на надлежностите на вработените во секторите и независните одделенија согласно Правилниците за организација и систематизација од 2014 година. Од нив 26 процедури се изработени со носител на набавка на консултански услуги за имплементација на стандардот ISO 9001:2008.

Наод 11-39 (4.1.1.)

01.09.2019

Процес на наплата на приходите од катастарски услуги. Со цел обезбедување навремени и квалитетни услуги за корисниците, Агенцијата има донесено процедури/постапки за извршување на работните активности во процесот на наплата на приходите од катастарски услуги. Во овие процедури  не се утврдени контролни механизми од страна на раководителот на Центар за катастар на недвижности Скопје/одделението за катастар на недвижности во делот на решавањето на предметите, односно референтите сами одлучуваат и се одговорни по постапување на предметот.