Агенција за катастар на недвижности
Ревизија на регуларност
2025
01 2025 03 16
Одговорното лице на Агенцијата да преземе мерки и активности за дополнување на интерните процедури со контроли во процесот на извршување на катастарските услуги.
Процес на наплата на приходите од катастарски услуги. Со цел обезбедување навремени и квалитетни услуги за корисниците, Агенцијата има донесено процедури/постапки за извршување на работните активности во процесот на наплата на приходите од катастарски услуги. Во овие процедури не се утврдени контролни механизми од страна на раководителот на Центар за катастар на недвижности Скопје/одделението за катастар на недвижности во делот на решавањето на предметите, односно референтите сами одлучуваат и се одговорни по постапување на предметот.