dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Насловна фотографија ЈКП Брегалница Делчево

ЈКП “Брегалница” Делчево со 61% загуба на вода, над 6,8 милиони денари обврски, кон државата (3,8 милиони денари) и општината (3 милиони денари) и нема обезбедено дозвола за испуштање води

24.04.2025
ЈКП „Брегалница“ Делчево континуирано се соочува со големи загуби во водоснабдувањето. Ревизијата укажува дека помалку од половина од испорачаната вода е фактурирана на граѓаните, додека остатокот се губи поради технички дефекти, нелегални приклучоци и нефактурирана комунална потрошувачка. Овие загуби сериозно влијаат на приходите на јавното претпријатие и на даноците (ДДВ и данок на добивка) кои се приход на државниот буџет