dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Поддршка за ревизија на системот за имплементација на Инструментот за реформи и раст Реформска Агенда 2024-2027

24.09.2025

Во периодот 24–26 септември 2025 година, во просториите на Државниот завод за ревизија се одржува тридневна работилница посветена на зајакнување на капацитетите на ДЗР и обезбедување поддршка за спроведување на ревизии поврзани со Инструментот за реформи и раст на Западен Балкан - Реформска агенда 2024–2027.

Работилницата, спроведена од експерти од Ernst & Young, поддржана од Светска Банка, ја отвори Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, кој ја нагласи важноста на правилното спроведување на реформите и остварувањето на конкретни резултати како предуслов за искористување на средствата од Европската Унија 🇪🇺.

Во рамки на проектните активности е подготвен и прирачник за ревизија кој претставува прв методолошки акт за ревизија на реформската агенда на една Врховна ревизорска институција од Западен Балкан.

Овој проект претставува значаен чекор во насока на зголемување на институционалниот капацитет и обезбедување на поголема транспарентност и отчетност во управувањето со европските фондови.