dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

15.09.2025

Државниот завод за ревизија денес, 15 септември 2025 година, беше домаќин на работна средба со претставниците на Набљудувачката мисија на ОБСЕ – Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР).

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми, заедно со своите соработници, остварија конструктивна дискусија со г. Матео Мекачи – шеф на мисијата на ОДИХР и г. Радивоје Грујиќ – правен аналитичар.

На средбата беше разговарано за активностите што ги презема Државниот завод за ревизија во насока на обезбедување на законитост во финансирањето на политичките партии за време на изборните кампањи. Главниот државен ревизор истакна дека преку ревизиите континуирано се укажува на системските слабости во овој сегмент.

Мисијата за набљудување на изборите (МНИ) ќе го следи спроведувањето на локалните избори во Република Северна Македонија закажани за 19 октомври 2025 година, со ангажман на 24 долгорочни и 250 краткорочни набљудувачи.