dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Национална развојна стратегија и Цели за одржлив развој и ревизија на јавни набавки тема на едукацијата

05.03.2025

На ден 04.03.2025 година, се одржа едукација за вработените од Државниот завод за ревизија согласно Годишниот план за континуирано професионално усовршување за 2025 година, со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Во фокус на едукацијата е презентација на најзначаните наоди и практични примери од извршените ревизии на постапките за јавни набавки, применетата законска и подзаконска регулатива во областа на јавните набавка, како и соработката помеѓу Државниот завод за ревизија, ДКСК  и Бирото за јавни набавки и други надлежни институции, и нивната поврзаност со Националната развојна стратегија 2024-2044 и Целите за одржлив развој.

Во Годишната програма за работа на ДЗР за 2025 година, ДЗР предвиде вкупно 16, ревизии на успешност/ усогласеност кој се тесно поврзани со Националната развојна стратегија 2024-2044 и Целите за одржлив развој.

Предавачи на денешната едукација се г-ѓа Росица Шалевиќ Христовска, Помошник на главниот државен ревизор, м-р Сашo Матески, Самостоен ревизор, г-ѓа Марина Блажевска, Помошник на главниот државен ревизор и д-р Маре Богева - Мицовска, директор на Бирото за јавни набавки.

Исто така, вработените од Државниот завод за ревизија имаа можност за дискусија и заклучоци за заеднички иницијативи во делот на превенцијата и борбата против корупцијата, заедно со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата и Бирото за јавни набавки.