На покана на претседателката на Судот за ревизија на Република Словенија, г-ѓа Јана Ахчин, делегација на Државниот завод за ревизија предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, учествуваше во обележувањето на 30-годишнината од формирањето на Ревизорскиот суд на Република Словенија. Настанот се одржа на 8 и 9 декември 2024 година во Брдо Конгрес Центарот во Словенија.
На обележувањето присуствуваа високи претставници на Република Словенија, сите поранешни претседатели на Судот за ревизија, како и лидери и претставници на Врховните ревизорски институции од Хрватска, Црна Гора, Полска, Србија, Словачка, Чешка, Унгарија и високи претставници од Европскиот суд за ревизори.
По обраќањето на претседателката на Судот за ревизија, г-ѓа Јана Ахчин, на настанот се обратија и претседателот на Република Словенија, др. Наташа Пирц Мусар, како и претседателот на Европскиот суд на ревизори (ECA), Тони Марфи.
Настанот претставуваше одлична можност за размена на искуства и продлабочување на соработката меѓу ревизорските институции и остварување на билатерални средби и дискусии помеѓу делегацијата на Државниот завод за ревизија и делегациите на други државни ревизорски институции, со цел зајакнување на меѓународната соработка и споделување на најдобрите пракси во областа на ревизијата.