dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Меморандум за разбирање со ВРИ Полска за спроведување на Peer Review

22.07.2024

На 19 јули 2024 година, Државниот завод за ревизија и Врховната канцеларија за ревизија на Република Полска (НИК) потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на Peer Review (Стручна проверка на квалитетот на работењето).

Главниот државен ревизор, м-р Максим Ацевски и г. Марјан Банаш, претседател на Врховната канцеларија за ревизија на Република Полска ја потенцираа важноста на овој меморандум како значаен чекор напред во зајакнувањето на соработката меѓу двете институции и промовирањето на најдобрите ревизорски практики. Со оваа активност, ДЗР ќе обезбеди потврда за својот професионален пристап и квалитет во извршувањето на со закон делегираните надлежности.

Придржувајќи се до одредбите и основните принципи за спроведување на Peer Review (стручна проверка) согласно Упатството на INTOSAI GUID 1900 и други форми на соработка во кои се вклучени, ДЗР и НИК го формализираа своето партнерство со цел обезбедување на постојано унапредување на транспарентноста, професионалноста и објективноста.

Во духот на Меморандумот, на средбата беше иницирана можноста претставници од ДЗР да учествуваат во повеќедневна обука во Центарот за обука на НИК на теми од значење за ревизијата. Дополнително, се разговараше за можноста за заедничка кооперативна ревизија на тема од взаемен интерес, со цел да се разменат добри практики и зајакнување на меѓусебната соработка.

Со потпишувањето на овој Меморандум, ДЗР продолжува да ја унапредува меѓународната соработка и да промовира високи стандарди во ревизорската пракса.

Линк до потпишаниот Меморандум за разбирање за спроведување на Peer Review:
https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/MoU_Peer_Review_SAI%20Poland…