dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Цел за одржлив развој 1 - Нема сиромаштија

 

Нема сиромаштија

Да се стави крај на сиромаштијата, во сите нејзини форми и насекаде.

 

Таргети за цел 1

 

  • 1.1 До 2030 година да се искорени екстремната сиромаштија на сите луѓе насекаде во светот, со која според тековните показатели се зафатени сите што живеат со помалку од 1,25 долари на ден
  • 1.2 До 2030 година да се намали најмалку за половина бројот на мажи, жени и деца од сите возрасти што живеат во сиромаштија, во сите нејзини облици според националните дефиниции
  • 1.3 Да се спроведат соодветни национални системи и мерки за социјална заштита за сите, особено за најзагрозените, а заклучно со 2030 година да се постигне значителен опфат на сиромашните и на ранливите
  • 1.4 До 2030 година да се осигури дека сите мажи и жени, особено сиромашните и ранливите, имаат еднакви права на економски ресурси како и пристап до основните услуги, управување и контрола над земјиштето и други форми на сопственост, наследство, природни ресурси, соодветна нова технологија и финансиски услуги, како и микрофинансирање
  • 1.5 До 2030 година да се изгради систем што ќе обезбеди поголема отпорност на сиромашните и ранливите лица и ќе ја намали нивната изложеност и ранливост пред екстремни настани предизвикани од екстремни климатски појави и други економски, социјални и еколошки шокови и природни катастрофи
  • 1.а Да се обезбеди значајна мобилизација на ресурси од различни извори, вклучително и преку зголемена развојна соработка со цел да се обезбедат соодветни и предвидливи средства за земјите во развој, особено за најмалку развиените земји, за реализација на програми и политики со кои ќе се стави крај на сиромаштијата во сите нејзини форми
  • 1.б Да се создаде прифатлива политичка рамка на национално, регионално и меѓународно ниво во полза на сиромашните и врз основа на родово сензитивни стратегии за развој, да се поттикнат забрзани инвестиции наменети за активности во врска со искоренувањето на сиромаштијата
11.11.2022