Денес, 24 октомври 2025 година, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски оствари конструктивна работна средба со Амбасадорот на Република Франција во државата, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.
На средбата се разговараше за резултатите и напредокот на Државниот завод за ревизија, како и за можностите за унапредување на соработката со Францускиот суд за ревизија.
Амбасадорот ја истакна професионалноста и транспарентноста во работењето на ДЗР и ја потврди подготвеноста на Република Франција да обезбеди поддршка во натамошните активности на институцијата.