dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Известување за политичките партии за Извештајот за добиени донации

31.03.2025

Се известуваат политичките партии во Република Северна Македонија дека од причина што последниот ден од законскиот рокза поднесување на Извештајот за добиени донации за 2024 година согласно член 25 и Годишниот финансиски извештај за 2024 година согласно член 27 од Закон за финансирање на политички партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12, 23/13 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/20) односно 31 март (понеделник) 2025 година  е неработен ден, наведените финансиски извештаи може да ги поднесат до Државниот завод за ревизија во вторник на 01.04.2025 година до 00.00 часот.