Државниот завод за ревизија е најдобро рангирана институција во објавениот Извештај од спроведениот мониторинг на имплементацијата на системот за интегритет за 2024 година, кој денес на својата веб страница го објави Државната комисија за спречување на корупцијата.
Во мониторингот кој опфати 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор, Државниот завод за ревизија е на првото место со 92,3 % според степенот на имплементација на системот за интегритет.
Врвот го заземаат:
1. Државен завод за ревизија – 92,3%
2. ДКСК – 82,31%
3. МАПАС – 80,77%
4. Министерство за внатрешни работи и
5. Царинска управа – 77,3%
Интегритетот не е административна одредба, туку цивилизациски стандард. Тоа е вредност која се гради секојдневно, со дела, со храброст и со посветеност.
Линк до Извештајот од мониторинг на имплементацијата на системот за интегритет за 2024 година:
Извештај-од-спроведено-следење-на-примената-на-системот-за-интегритет-2024-година.pdf