На ден 11.03.2025 година, на покана на претседателот на Фискалниот совет г. Глигор Бишев, Главниот државен ревизор беше панелист на Конференцијата за фискалното управување во Европската унија и улогата на Фискалниот совет организирана со поддршка на Светска банка.
Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски изразувајќи поддршка за воспоставувањето на Фискалниот совет во државата со кој неодамна Државниот завод за ревизија склучи и Меморандум за соработка се осврна на клучните системски слабости во управувањето со јавните средства и фискалните политики во државата.
Конференцијата започна со воведните обраќања на министерката за финансии г-ѓа Гордана Димитриевска Кочоска, раководителката на Одделот за економски прашања во Канцеларијата на ЕУ, г-ѓа Марија Канелопулу, како и на директорот на Светска банка за Северна Македонија и Косово, г. Масимилијано Паолучи.