На ден 10.03.2025 година, висока делегација на Државната ревизорска институција на Црна Гора предводена од Претседателот на Сенатот м-р Никола Ковачевиќ престојуваше на билатерална посета во Државниот завод за ревизија каде остварија работна средба со Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми и најблиските соработници.
Во фокус на билатералната посета е потпишувањето на Договорот за паралелна ревизија меѓу Државниот завод за ревизија и Државната ревизорска институција на Црна Гора за извршување на паралелна ревизија на тема „Програми за рана детекција на малигни заболувања“.
Потписниците на договорот, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Претседателот на Сенатот м-р Никола Ковачевиќ изразија недвосмислени очекувања за успешна заедничка соработка во натамошниот период преку реализирање на предвидените активности од двете Врховни ревизорски институции на тема која е од особен интерес за граѓаните на двете држави.
За време на билатералната средба, претставниците на двете Врховни ревизорски институции остварија работна посета и во Собранието на Република Северна Македонија каде се сретнаа и разговараа со Потпретседателот на Собранието, г. Антонио Милошоски, презентирајќи ги досегашните заеднички активности и резултати од меѓусебната соработка.
Договор за паралелна ревизија:
https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/Dogovor_paralelna_revizija_D…