dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Објавена Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2025 година

26.12.2024

Државниот завод за ревизија согласно член 23 став 2 од Законот за државната ревизија („Службен весник на Република Македонија бр. 66/10, 145/10, 12/14, 43/14, 154/15, 192/15, 27/16, 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21), денес на ден 26.12.2024 година, до Собранието на Република Северна Македонија ја достави Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија за 2025 година.

Согласно пропишаните критериуми во Упатството за стратешко и годишно планирање на ревизиите, ДЗР во 2025 година планира да изврши најмалку 78 ревизии, од кои најмалку 61 се однесуваат на ревизија на регуларност, најмалку 13 ревизии на успешност и најмалку 4 ревизија на усогласеност.

Од планираните ревизии согласно Годишната програма за работа на ДЗР за 2025 година најмалку:

- 4 (5%) ревизии се задолжителни да се вршат еднаш годишно согласно член 23 став 1 од Законот за државната ревизија, 
- 33 ревизии (42%) се согласно прифатени барања доставени од засегнати страни и 
- 41 ревизиja (53%) се предлози од секторите за ревизија во ДЗР, во согласност со стратешките документи, критериумите за избор уредени согласно професионалните стандарди на ИНТОСАИ, како и критериумите за избор во согласност со Целите на одржлив развој на ОН, Националната развојна стратегија 2024-2044, ОЕЦД-СИГМА и расположливите ресурси за ревизија.

Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во Република Северна Македонија обезбедува целосна примена на Принципите на INTOSAI-P-12 , Вредност и придобивки од ВРИ – правење разлика во животот на граѓаните, притоа остварувајќи ги утврдените цели за секоја ВРИ вклучувајќи го и ДЗР, а тоа се:

- зајакнување на отчетноста, транспарентноста и интегритетот на државните органи и субјекти од јавниот сектор; 
- демонстрирање континуирана релевантност за граѓаните, собранието и другите засегнати страни; 
- претставува организација за пример.