dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Одбележан Меѓународниот ден за борба против корупцијата

06.12.2024

На покана на Државната комисија за спречување на корупцијата, на ден 05.12.2024 година, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски учествуваше на свечен настан во Собранието на Република Северна Македонија. Настанот се организираше во рамки на  Проектот на УСАИД за партнерство против корупцијата и Проектот „Заедници со интегритет“, финансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Националниот демократски институт

Во рамките на панел дискусијата, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски изразувајќи благодарност за поканата истакна дека секому треба да му биде јасно дека клучната алатка во борбата против корупцијата е пред се превенцијата, односно градење на системски пристап во делот на она што значи ефикасно управување со јавните средства, јакнење на внатрешните контроли кај субјектите кои ги трошат јавните средства.

Притоа, како што истакна Главниот државен ревизор, основниот предуслов е градење на одржлива и ефикасна јавна администрација која што во континуитет ќе минува низ процес на едукација и усовршување на знаењата и вештините пропратена со дигитализација на процесите на давање услуги со цел минимизирање на ризиците од дискрециони влијанија брз барателите на услуги односно граѓаните.

Заблагодарувајќи се на меѓународните партнери како ИФЕС, УНДП, UN Women, НДИ, УСАИД, Амбасадите на САД, Швајцарија и останатите присутни земји долгорочни партнери на државата, ГДР истакна дека е време конечно државата  да демонстрира дека може самостојно организирано и авторитативно и секако со висок интегритет да превенира корупција и дека вложените средства на меѓународните партнери во зајакнување на институционалниот и кадровски капацитет од страна државата не било залудно.

На настанот, воведни обраќања имаа претседателката на ДКСК, г-ѓа Татјана Димитровска имаа и г. Африм Гаши претседателот на Собранието, Н.Е. Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија, г. Бен Нупнау, заменик шеф на Делегацијата на Европската унија и г-ѓа Џери Дајбл, директорка на УСАИД.