Во периодот 29 - 30 октомври 2024 година, делегација на Државниот завод за ревизија, предводена од Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, заедно со делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, предводена од јавниот обвинител Љупчо Коцевски и в.д. директорот на Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата, Петар Трајков, престојуваа на студиска посета во Националната канцеларија за ревизија и Националното обвинителство на Република Полска. Делегацијата за време на студиската посета беше придружувана од Н.Е Јасмин Ќахил, Амбасадор на Република Северна Македонија во Полска.
Целта на посета беше размена на знаења и добри практики за улогата на ВРИ и Јавното обвинителство во постапувањето по доставените ревизорските извештаи и запознавање со добри практики во насока на подобрување на комуникација и координација меѓу државните ревизори и јавните обвинители. Оваа иницијатива има за цел да ги зајакне односите помеѓу двете институции, со што се унапредуваат ефикасноста, јавната доверба и поддршката за владеењето на правото.
Делегациите остварија средба со г. Мариан Банаш, Претседател на Националното обвинителство на Полска и г. Јачек Билевич, Заменик јавен обвинител во Националното обвинителство на Република Полска, на која се запознаа со системот на комуникација и размена на информации помеѓу Јавното обвинителство и Националната канцеларија за ревизија во Полска, како и за начинот на известувања за кривично дело и овластувањата на Националната канцеларија за ревизија во кривичната постапка.
Посетата е организирана со поддршка на Фондацијата за демократија на Вестминстер преку проектот „Практикувај демократија“ финансиран од Британската Амбасада во Скопје.