dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Потпишан Меморандум за разбирање со WFD и Британската амбасада

29.11.2023

Денес, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, г. Ендру Бранд, Директор на Програми во Британската Амбасада во Скопје и г. Крис Левик, Регионален директор на Фондација за демократија на Вестминстер за Европа и Централна Азија, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Државниот завод за ревизија, Министерството за надворешни работи и развој на британскиот Комонвелт и Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата.

Успешната соработка која изминатите години преку конкретни резултати ја манифестираат Државниот завод за ревизија и Фондацијата за демократија на Вестминстер во државата, особено во активностите за зголемување на транспарентноста, отчетноста и отвореноста на ДЗР како Врховна ревизорска институција, преку потпишаниот Меморандум за разбирање ќе продолжи и во следниот период преку партнерство во спроведување на проектот „Практикувај Демократија“.

Целта на потпишаниот Меморандум за разбирање е преку заедничка соработка помеѓу ДЗР, ВФД и Британската Амбасада да се имплементираат активности во насока на поддршка на Државниот завод за ревизија во повеќе области и тоа:

  • Унапредување на комуникациските практики на ДЗР и развивање на нова Комуникациска стратегија на ДЗР (2023 – 2027);
  • Развивање на активности за зајакнување на Value for Money практиките во работата на ДЗР;
  • Обезбедување на експертска поддршка за ревизиите на успешност за изработка на повлијателни ревизорски извештаи;
  • Поддршка за развој на дигитални решенија за намалување на корупцијата преку следење на јавните набавки во општините и институциите и
  • Спроведување на активности кои ги зајакнуваат капацитетите на ДЗР преку домашна и меѓународна соработка.

Линк до содржината на потпишаниот Меморандум за разбирање:
https://dzr.mk/sites/default/files/dzr/doc/Memorandum_sorabotka_DZR_WFD_Britanska_vlada.pdf