dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Изборен процес Локални избори 2021 година

19.06.2023
Слика
Фотографија Локални избори 2021

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА РЕВИЗИЈА

-Соопштение за медиуми-

Изборен процес Локални избори 2021 година

Графикон 1

 

Државниот завод за ревизија согласно Годишната програма за работа за 2022 година изврши ревизија на Вкупниот финансиски извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите во изборната кампања, заедно со ревизија на усогласеност на сметките на 141 учесници во Изборната кампања за Избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и градоначалниците на општините и градоначалник на градот Скопје 2021 година.

Со ревизијата опфатени се финансиските извештаи за изборната кампања на 27 политички партии, 22 коалиции и 92 независните кандидати поддржани од „група избирачи“.

Како резултат на финансирањето на изборната кампања, 141 учесници за време на изборна кампања во 2021 година оствариле приход во вкупен износ од 449 милиони денари и реализирале расходи во вкупен износ од 454 милиони денари.

Графикон 2

Во однос на обврската за доставување на финансиски извештаи за изборната кампања Локални избори 2021 година во законски утврден рок, со пропишани прилози, ревизијата утврди:

  • 68 учесници од кои 14 политички партии, 20 коалиции и 34 независни кандидати поддржани од „група избирачи“ во законски утврдениот рок имаат поднесено финансиски извештај;
  • 11 политички партии и 34 независните кандидати поддржани од „група избирачи“ немаат доставено финансиски извештаи за изборната кампања и
  • 2 политички партии, 2 коалиција и 24 независни кандидати поддржани од „група избирачи“  доставиле финансиски извештаи во кои не се искажани приходи и расходи.

За извршените ревизии издадени се 141 ревизорски извештаи во кои се изразени ревизорски мислења од кои 32% се без резерва, 9% се со резерва, 8% се неповолни, додека за 52% се воздржуваме од мислење поради недоставени финансиски извештаи за изборна кампања од учесниците во изборната кампања, како и доставени финансиски извештаи во кои не се искажани приходи и расходи за времетраење на изборната кампања.

Ревизорите за констатираните состојби дадоа вкупно 32 препораки, со цел преземање мерки за надминување на истите.

Графикон 3

Државниот завод за ревизија со извршените ревизии на сметките на изборната кампања, во континуитет укажува на одредени системски слабости на Изборниот законик за кои потребно е да се преземат дополнителни активности за нивно усогласување и надминување.

Имено, неопходно е:

  • Да се преиспитаат и допрецизираат одредбите од член 83 став 2 во делот на финансирањето на изборната кампања со средства од редовната сметка на политичката партија и од донации од политичка партија, во делот на поединечните и вкупните лимити на средства финансирани/донирани од физички и правни лица.
  • Да се доуреди член 76-д со пропишување на мерливи критериуми во делот на обезбедување и распределба на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија наменети за платено политичко рекламирање.
  • Да се уреди начинот на кој донаторите ќе докажат/потврдат дека не се „поврзани лица“ со радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) при финансирање или давање донации на политичките партии.
  • Постои потреба од пропишување на одредби со кои ќе се уреди дали може коалиција или политичка партија да поддржи независен кандидат - група избирачи и да ги користи доделените средства за платено политичко рекламирање за независниот кандидат - група избирачи, доколку може во кои услови и на кој начин и дали при таквата поддршка истиот има право да ги користи и средствата што му следуваат како независен кандидат.
  • Пропишување на обврска за доставување на извештај за искористените рекламни паноа и билборди од страна на општините во Република Северна Македонија и градот Скопје.
  • Да се преземат активности за доуредување на Изборниот законик во делот на определување надлежен орган за следење и известување за изборното медиумско претставување на електронските медиуми (интернет портали).
  • Потреба од доуредување на условите и критериумите кои е потребно да ги исполнат електронските медиуми за да имаат можност да аплицираат за политичко рекламирање во ДИК.
  • Пропишување на јасни и прецизни критериуми за распределба на буџетските средства наменети за платено политичко рекламирање на електронските медиуми (интернет портали).
  • Преиспитување на утврдениот краен рок за уплата на донации, односно потребно е да се утврди донациите да се уплатуваат најдоцна до денот на завршување на изборната кампања.
  • Доуредување на Изборниот законик со што во делот на Казни и прекршочни одредби ќе бидат предвидени глоби и за електронските медиуми (електронските портали) во случај за недоставување на Извештајот за рекламниот простор искористен од секој учесник во изборната кампања и средствата кои се платени и се побаруваат по таа основа.
  • Потреба од одредување на орган за спроведување на обуки поврзани со обврските за финансиско известување, со што ќе се придонесе за подобрување на транспарентноста за навремено информирање на јавноста за финансирањето на изборната кампања.

Прес контакт:
Албиона Мустафа Мухаџири +389 72 228 203 [email protected]
Мијалче Дургутов +389 70 358 486 [email protected]  
Мартин Дувњак +389 75 268 517 [email protected]к