dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Поддршка од УНДП во активностите за Целите за одржлив развој

13.06.2023
Слика
Работна средба со УНДП

На ден 09.06.2023 година, во просториите на Државниот завод за ревизија, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски заедно со своите соработници одржа работна средба со претставниците од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Билјана Цветановска Гугоска, Раководител на одделот за демократско владеење, Илмиасан Даути Програмски аналитичар во одделот за демократско владеење и Маја Стојаноска, Проектен асистент во одделот за демократско владеење.

Во фокус на одржаната работна средба беше продлабочувањето на успешната соработка помеѓу ДЗР и УНДП, особено преку обезбедување на поддршка во активностите за спроведувањето на паралелната ревизија на успешност на тема „Подготвеноста на Република Северна Македонија за имплементација на Целите за одржлив развој до 2030 година“, којашто Државниот завод за ревизија ја спроведува со претставниците од Врховната ревизорска институција на Република Србија.

Државниот завод за ревизија и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и во изминатиот период имаа низа на успешни заеднички активности, особено во делот на поддршка на државните ревизори и организирање на едукации за зајакнување на вештините и знаењата на вработените во ДЗР, а во следниот период се предвидуваат и дополнителни едукативни активности особено во делот на следењето и процесот на мониторирање на имплементацијата на Целите за одржлив развој до 2030 година.