dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ГДР присуствуваше на јубилејот на ВРИ Албанија

26.05.2023
Слика
jubilej 98 godini VRI Albanija

На покана на Претседателот на Врховната ревизорска институција на Република Албанија д-р Арбен Шеху, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Главниот ревизор на Република Косово, г-ѓа Влора Спанца, присуствуваа на прославата на 98 – годишнината од основањето на ревизорската институција на Република Албанија во Тирана.

Во своето обраќање, Главниот државен ревизор упати искрени честитки од свое и од името на вработените на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија честитајќи го јубилејот 98-годишнина на Врховната ревизорска институција на Република Албанија.

Главниот државен ревизор истакна дека воспоставената соработка помеѓу Врховните ревизорски институции помеѓу Република Албанија, Република Косово и Република Северна Македонија претставува една успешна приказна која претставува пример како треба да се соработува помеѓу соседите и професионалците, а во исто време покрај професионалната соработка да се негуваат и одржуваат и личните пријателства.

Една од бројните активности на трите Врховни ревизорски институции е и Кооперативната ревизија на успешност на тема “Родова еднаквост на жените во руралните подрачја преку нивна инклузија на пазарот на труд“, која Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија ја спроведува заедно со Врховната ревизорска институција на Албанија и Националната канцеларија за ревизија на Косово, со поддршка на UN Women.