dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

Работна средба со претставници на Конгресот на САД и НДИ

05.05.2023
Слика
Работна средба со претставници на Конгресот на САД и НДИ

Денес, Државниот завод за ревизија беше домаќин на претставниците од Конгресот на Соединетите Американски Држави (САД) и Националниот демократски институт (НДИ) во нашата земја, кои остварија работна средба со Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и Заменик главниот државен ревизор м-р Орхан Адеми.

Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски ги информираше претставниците од Конгресот на САД за постигнатите резултати на ДЗР особено во делот на извршувањето на ревизиите, ефектот и додадената вредност од вршењето на државната ревизија и заложбите за обезбедување на транспарентност, отчетност и одговорност во работењето.

Елизабет Ести, поранешна пратеничка во Конгресот на САД,  Томас Кан, поранешен директор на персонал, Конгресна Комисија за Буџет и Кејтлин Фицгералд, виш аналитичар, Конгресна буџетска канцеларија, изразија задоволство од работењето на Државниот завод за ревизија и постигнатите резултати, потенцирајќи дека ваквата успешна приказна за квалитетно и професионално работење на една институција треба да претставува поттик и пример за сите субјекти од јавниот сектор.

На работната средба, Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски и г. Роберт Скот Хислет, Директор на Националниот демократски институт (НДИ)  во нашата земја, потпишаа Меморандум за соработка со кој се предвидува продлабочување на досегашната соработка во повеќе сегменти, со цел интензивирање на заедничките заложби и активности за соработката со другите надлежни институции и врховни ревизорски институции, како и зголемување на отчетноста и одговорноста на институциите од јавниот сектор и јакнење на капацитетите на ДЗР.