dzr
ДРЖАВЕН ЗАВОД
ЗА РЕВИЗИЈА
ЧУВАР НА ЈАВНИТЕ СРЕДСТВА

ДЗР со донација за семејствата на настраданите во автобуската несреќа

21.12.2021
Слика
Донација од Државниот завод за ревизија

Државниот завод за ревизија издвои 100 илјади денари како поддршка за семејствата на настраданите граѓани од Република Северна Македонија во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија на автопатот „Струма“ на ден 23.11.2021 година.

Паричните средства се уплатени на сметката на Црвениот Крст на Република Северна Македонија – Фонд за солидарност Скопје, по претходно упатено Барање до Министерството за правда за потврдување на јавен интерес на донацијата на Државниот завод за ревизија.

Целта на оваа донација е поддршка во областа на социо-хуманитарните дејности од страна на примателот на донацијата со цел давање помош и изразување сочувство до семејствата на настраданите граѓани во автобуската несреќа, односно реализирање на психолошка, материјална и финансиска поддршка.

Државниот завод за ревизија, како докажана општествено одговорна институција, секогаш ги презема сите неопходни мерки и активности, во насока на подобрување на личниот и заедничкиот живот на граѓаните, здруженијата на граѓаните, физичките и правните лица, како и за нивната економска благосостојба и социјална правда.